Подобрете ги вашите креации со помош на книгите на 3D Total

3D TOTAL е компанија која еволуираше во сеопфатна платформа за уметници, нудејќи различна едукативна литература за сите уметници. Без разлика дали се работи за уметност која вклучува скицирање со молив, сликање во Photoshop или 3Д моделирање во ZBrush, 3D Total ги соединува сите овие гранки на еден пријателски и едукативен начин, кој помага на секаков тип на млади и поискусни артисти. 

3D TOTAL во светот на современата дигитална уметност важат за авторитетни и познати, и се постојан извор на висококвалитетни образовни и инспиративни ресурси. Земено од фактот на нивната историја, голема репутација и активен однос со светски познати артисти, тие ги обезбедуваат највредните информации и ресурси на публиката, а преку M3DS-STORE нивната одобрена едукативна литература е достапна и во нашата земја.

Високо квалитетните уметнички книги посветени на донесување непроценлива обука за почетници, хобисти и професионалци, содржат искуства, трикови и алатки од врвни индустриски професионалци од целиот свет, преку интересни и лесно совладливи упатства и водичи. Илустрирани низ прекрасни уметнички дела, овие најпродавани публикации нудат креативен увид, стручни совети и основна мотивација.

Од традиционалните уметнички техники, како што се скицирање и вајање на глина, до софтвер за дигитална уметност, вклучувајќи Photoshop,Autodesk Maya, ZBrush,Blender, Mudbox, Adobe Illustrator… огромното знаење што го споделуваат светските артисти, ги прави овие книги неопходен додаток на полицата за книги на кој било уметник.  

M3STORE е горд официјален застапник на оваа креативна и едукативна литература, која може да помогне и да ги усоврши сите артисти. Набавете ја вашата нова книга и учете од истакнати автори и реномирани артисти, истакнати во сферата на компјутерската графика и визуелните уметности.